Дома Фудбал Останато Чеферин: УЕФА не е спремна за ВАР, погледнете што и се случи на Србија

Чеферин: УЕФА не е спремна за ВАР, погледнете што и се случи на Србија

ceferin

Првиот човек на европскиот фудбал и понатаму не е спремен да го поддржи ВАР системот и да го воведе во натпреварувањата под покровителство на УЕФА.

Чеферин смета дека УЕФА се уште не е спремна за ВАР, како и дека системот има многу недостатоци, а како одличен пример ја посочи ситуацијата од Светското првенство кога Србија не доби пенал против Швајцарија (1:2).


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„ВАР се уште не ме убедил. Според мене тука се уште има нејаснотии. Но, знам дека веќе нема враќање. Не знаеме дали судијата мора да ја погледне снимката? Кој одлучува? Оној, кој е горе или оној на теренот? Луѓето кои гледаат не разбираат што се случува. Не разбираат ниту спортските коментатори. Што гледаат судиите? Што ако линискиот судија досуди офсајд, главниот судија ја запре играта и потоа на снимката се покаже дека не било офсајд?“, се запраша Чеферин во интервјуто за словенечкиот медиум „Екипа24“ и продолжи:

„Многу е нејасно, но знаеме дека ќе мораме да го воведеме порано или подоцна. Роберто Росети кој е шеф на судиите во УЕФА веќе беше задолжен за ВАР во Италија. Му кажав дека ќе го лансираме кога ќе бидеме спремни. Мораме да избереме уште некој ќе ни ја продаде технолохијата, а мораме да избереме и судии. На светското првенство видовте деа линиските судии не правеа ништо, само чекаа. Еден судија ми кажа: „Кога има спорна ситуација, јас го правам само ова“ и ми покажа како слуша на слушалката, но на крајот ништо не слушнал“. Погледнете го примиреот кога Србија не доби чист пенал во натпреварот против Швајцарија. Мораат да постојат некакви правила за употреба“, изјави Чеферин во интервјуто.

Според ова како што сега стојат работите ќе почекаме за да го видиме ВАР и во натпреварувањата на УЕФА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…