Еден од главните луѓе кои сакаат да ја создадат европската Суперлига, Флорентино Перез истакна дека е среќен по одлуката на Судот за правда кој донесе одлука дека УЕФА и ФИФА не сметат да ги казнуваат клубовите кои би учествувале (ТУКА).
Сепак и покрај таа одлука веќе неколку големи европски клубови се огласија и ја отфрлија можноста за учествуа (ТУКА). Во јавноста се огласи и првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин истакнувајќи дека суперлигашите ќе имаат „одлично“ натпреварување со два клуба (Барселона и Реал Мадрид).
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Но, и мислењето на Перез е поинакво и најавува дека тој и неговиот клуб ќе продолжат да работат за како што вели доброто на фудбалот.
„Во Реал Мадрид ја поздравуваме одлуката на судот. Во следните денови ќе го проучиме опсегот на оваа резолуција. Европскиот фудбал повеќе нема да биде монопол, туку клубовите ќе бидат господари на својата судбина. Мадрид ќе продолжи да работи за доброто на фудбалот. Ќе ги заштитиме играчите и ќе ги возбудиме навивачите. Никој не рече дека е лесно да се стави крај на монополот“, изјави Перез.
Останува да се види што ќе се случува во наредниот период, а во овој момент изгледа дека и покрај одлуката на Судот, УЕФА и ФИФА ги имаат најголем дел од клубовите на своја страна.