Дома Фудбал Лига на шампиони Чеферин најавува голема промена во Лигата на шампионите

Чеферин најавува голема промена во Лигата на шампионите

Александар Чефереин, претседателот на УЕФА за „Тајмс“ откри дека сериозно се разгледува идејата да се промени Лигата на шампионите и на некој начин да се заштитат клубовите кои доаѓаат до завршната фаза.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Според Чеферин клубовите кои ќе стигнат пример до четвртфиналето следната сезона треба да имаат загарантирано место во групната фаза.

Секако, Чеферин како и неговиот претходник Мишел Платини овој предлог го преставува како заштитник на помалите обесправени клубови во Европа. Во прв план оваа идеја го става Ајакс.

Ајакс стигна до полуфиналето и на чекор од финалето и доби големо богатство кое го зема од клубовите кои се „претплатени“ да играат во завршната фаза во најелитното европско натпреварување.

Но, овој предлог има и друга страна и некои тврдат дека оваа идеја ќе оди само во корист на поголемите клубови затоа што многу почесто играат во таа фаза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Милан го стесни изборот: Три имиња во трка за клупата на „росонерите“

Раководството на Милан сè повеќе го стеснува кругот на кандидати за нов тренер, а според п…