Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин е среќен што Македонија како една мала земја ќе има прилика да се претстави пред европскиот фудбалски крем.
Чеферин имаше интервју за српски „Информер“ и зборуваше како успехот на Македонија го обединил целиот народ во земјата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Македонија искрено ме изненади, тие се добра екипа и одлично предводена. Една мала земја која нема добра економска ситуација доби прилика да се промовира пред европскиот крем. Видовме што се случуваше кај нив по пласманот, тешко дека нешто друго може да го обедини народот во една земја како спортскиот успех“, истакна Чеферин.