Претседателот на Флорентино Перез разговарал со претседателот на ФИФА, Џани Инфантино за формирање на нова лига.
Според пишувањето на „Њујорк Тајмс“ Перез инсистира на создавање на ново натпреварување во кое би играле само најелитните и најбогатите клубови.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тоа значи дека не го интересира ниту идејата за новиот формат со 32 клуба во Лигата на шампионите кој се најавува за 2024 година. Перез сака натпреварување со 20 клубови, поголем дел од топ 5 првенства.
Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин даде свој коментар и остро ја критикуваше идејата на Перез.
„Читав за овој луд план. Ако се вистините овие извештаи, овие предлози доаѓаат од претседател на клуб и осамен фудбалски администратор. Тешко е да се замисли поегоистична и себична шема. Тоа би го уништило фудбалот во целиот свет, како за играчите така и за навивачите и а оние кои се поврзани со оваа игра се поради интерес на мал број на луѓе“, изјави Чеферин.