Ждрепката за осминафиналето во Лигата на шампионите во понеделникот донесе голема грешка, па истата мораше да се повтори.
На крајот од повторената ждрепка се доби само еден ист пар, тоа дуелот Челзи – Лил. За првпат во јавноста свој коментар на оваа тема даде и првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Добивме информација дека нешто не е во ред со софверот, разговаравме по телефон. Луѓето кои работат на софтверот ми предложија ждрепката да се повтори. Сакавме да бидеме транспарентни и да го кажаме тоа за да научиме за во иднина. Не стануваше збор за човечка грешка, погреши УЕФА и им се извинуваме на сите“, изјави Словенецот.