Денес во Скопје пристигна првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин по повод отварањето на новиот објект на ФФМ.
Чеферин непосредно пред отварањето зборуваше за медиумите.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Македонија зад себе има одлична година. Селекциите до 17 и 19 години беа одлични, а тоа доволно говори за вложувањето на ФФМ во младинските категории. Сега преку Лигата на нации Македонија има добра можност да се пласира на Европското првенство и му порачав на Илчо дека повеќе нема право на алиби“.
Потоа Чеферин ја спомена и приказната со малиот Јане Велковски.
„Морам да ја споменам приказната за малиот Јане Велковски која го обиколи светот, навистина на фантастичен начин ни покжа дека фудбалот може да биде голема инспирација во животот“, изјави првиот човек на УЕФА.