Дома Фудбал Четири ѕвезди на Јунајтед се враќаат за дуелот со Милан

Четири ѕвезди на Јунајтед се враќаат за дуелот со Милан

Едисон Кавани и Антони Марсијал најверојатно ќе се вратат во тимот за реванш дуелот од Лига Европа против Милан.

Двајцата напаѓачи го пропуштија вчерашниот дуел со Вест Хем, но ќе се опорават за гостувањето на „Сан Сиро“ во четврток.

„Многу веројатно Кавани и Марсијал ќе бидат спремни за дуелот со Милан. Истото важи и за Ван де Бек“, откри менаџерот Солскјер.

Голманот Де Геа исто така се враќа во тимот, откако имаше одмор поради раѓањето на дете. Исто така Пол Погба најверојатно ќе биде повикан за дуелот со Милан, но ќе започне од клупата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наполи гледа кон Гави: Барселона би го пуштила за 40 милиони евра?

Гави добива малку простор кај Ханси Флик, а Наполи ја следи можноста за јануарски трансфер…