Италијанските медиуми пресуваат дека Душан Влаховиќ најверојатно ќе го напушти Јувентус ова лето.
Влаховиќ требаше да биде прва ѕвезда во Јувентус кога пристигна за 80 милиони евра, но не се снаоѓа баш најдобро и не му одговара стилот на игра на Алегри.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Имено, Србинот не е задоволен од третманот во Јувентус и влегол во директен конфликт со тренерот Алегри, па и „бјанконерите“ се спремни да го продадат.
Според „Газета дело спорт“, за 23. годишниот напаѓач се заинтересирани Баерн Минхен, Челзи, Њукасл и Манчестер Јунајтед, кои веќе ја почнале трката за неговиот потпис.
Јувентус за неговата слобода бара 65 милиони евра, сума која споменатите клубови се спремни да ја платат, па Влаховиќ сигурно ќе има добар избор.