Тестирањата во фудбалските екипи на Ренова и Шкендија не поминаа најдобро. Лабораторијата на Аџибаден Систина потврди четири позитивни случаи во Ренова и два позитивни во Шкендија.
„За жал немаме убава вест. По вчерашните тестирања во двата тетовски клуба ФК Ренова и ФК Шкендија имаме позитивни случаеви на Ковид -19. По повторената анализа во лабораторијата на Аџибаден Систина за жал имаме позитивни случаи. Информацијата ја имавме уште касно синоќа но чекавме повторена анализа. Затоа денешните тренинзи на овие два клуба беа откажани. Имињата на заразените се уредно доставени до ФК Ренова и ФК Шкендија во текот на денот. Позитивните на Ковид 19 веднаш ќе бидат ставени во самоизолација и домашен карантин.“ – инфомираа од Синдикатот за фудбалери.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Управниот одбор на ФФМ донесе одлука за продолжување на сезоната, но не се знае што ќе се случи после најновите позитивни случаи во Ренова и Шкендија. Во текот на следните денови ќе се тестираат и останатите екипи од Првата лига.