Дома Фудбал Англија Челси не подига раце од Лукаку: Новата цена е идентична како и понудата на Јунајтед

Челси не подига раце од Лукаку: Новата цена е идентична како и понудата на Јунајтед

Војната помеѓу Челси и Манчестер Јунајтед за Ромалу Лукаку продолжува.

Откако „Црвените ѓаволи“ му понудија на Евертон 75 милиони фунти за фантастичниот Белгиец, истото го направи и Челси.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Антонио Конте сака да го донесе како замена за Диего Коста, кој пак замина од тимот. Челси така влезе во битка со Јунајтед за 24-годишниот напаѓач, кој токму од лондонскиот тим премина во Евертон и тоа во 2014. година кога беше платен 35 милиони евра.

Тогаш тимот од „Гудисон Парк“ одлучи да го откупи од „Плавите“, што и се исплатеше, со оглед на тоа дека во изминатите четири сезони Лукаку блескаше во дресот на овој тим.

Во изминатите 4 години во Евертон тој постигна 71 погодок во 133 настапи и сега ќе може да одбере во кој клуб ќе сака да замине.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Интер се засилува со ѕвездата на Интер бесплатно

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо на лето како слободен агент ќе го напушти клубот, а неко…