Дома Фудбал Англија Челси експресно му најде замена на Матиќ, но дали ќе успее во намерите да го донесе на „Стемфорд Бриџ“

Челси експресно му најде замена на Матиќ, но дали ќе успее во намерите да го донесе на „Стемфорд Бриџ“

Немања Матиќ денес замина од Челси што значи дека „Плавите“ на средината имаат простор за доведување на централен играч за врска кој би претставувал сериозна конкуренција за Н’Голо Канте и Бакајоко.

Покрај доведувањето на Бакајоко од Монако, менаџерот на „Плавите“, Антонио КОнте сака уште еден централен играч за врска, а според информациите на Скај Спорт, првиот кандидат за оваа позиција е 27-годишниот фудбалер на Лестер, Дени Дринквотер.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Репрезентативецот на Англија е еден од убедливо најдобрите фудбалери на „Лисиците“ во последните две сезони, а посебно извонреден беше во сезоната 2015/16 кога го предводеше тимот од „Кинг Пауер“ до историската шампионска титула во Англија.

Ја мина младинската школа на Манчестер Јунајтед и израсна во еден од најдобрите англиски играчи за врска. Проблем е што само Лестер не е расположен да го продаде, а неодамна го продолжи договорот со Лисиците до летото 2021. година.

Покрај, Дринквотер, потенцијални мети за оваа позиција на Челси се Рос Баркли и Алекс Окслејд- Чембрлен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барселона го продава Рафиња, ја одреди и цената

Бразилскиот репрезентативец, Рафиња на лето може да ја напушти Барселона, пренесуваат…