Францускиот стратег, Арсен Венгер пред неколку дена соопшти дека на крајот од сезоната ќе го напушти Арсенал кој го предводеше 22 години.
Венгер во последно време не оствари резултат какви што очекуваа навивачите на овој клуб и беше јасно дека е време да се прости со „Топчиите“. Францускиот стратег во Арсенал пристигна дамнешната 1996. година и во лондонскиот клуб во својата ера донесе 17 трофеи.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Веднаш откако беше потврдено дека Венгер ќе го напушти „Емирати“, спортската јавност почна да шпекулира за тоа кој ќе биде нов тренер на Арсенал. Во последниве денови со лондонскиот клуб се поврзуваат многу тренер, а денес се појави и ново име.
Имено, според пишувањаата на Телеграф, еден од челниците на клубот, Иван Газидис порачал дека негов „фаворит“ е некогашниот играч на овој клуб, Микел Артета кој моментално е дел од стручниот штаб на Пеп Гвардиола. Артета и неодамна се поврзуваше со Арсенал, но навивачите јасно порачаа дека не го сакаат Шпанецот на тренерската позиција, бидејќи веруваат дека едноставно не е зрел за такво искушение.