Дома Фудбал Англија Челзи ќе ја игра трансфер играта на летниот преоден рок: Реал доби предлог за трампа

Челзи ќе ја игра трансфер играта на летниот преоден рок: Реал доби предлог за трампа

Екипата на Челзи како што се наведува понуди интересна размена на мадриски Реал.

Кралевите веќе долго во своите редови сакаат да ја видат ѕвездата на Челзи, Еден Азар, а трансферот би можел да се случи веќе ова лето.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Плавите“ се запознаени со желбата на Азар да замине од Реал. Затоа се обидуваат да ја искористат замената која би можела да ги донесе во поволна положба.

Дон Балон тврди дека раководството на лондонскиот тим испратил предлог за замена на играч со Реал. Го нудат Азар, а го бараат Бејл и 100 милиони фунти во кеш.

Оваа цена меѓутоа е превисока во овој момент. Мадридскиот тим е подготвен да го пушти Бејл, но дополнителната цигра на крајот би можела да ја сопре предложената замена.

Меѓутоа, не треба ниту да биде чудно доколку до договор дојде. Бејл повторно сака да замине во Премиер лигата. Азар одамна сонува за Реал и преостана само клубовите да се договорат околу останатите детали.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…