Дома Фудбал Англија Челзи ќе се брани од клубовите од Серија А и шпанска Барселона: Кој ќе биде побрз?

Челзи ќе се брани од клубовите од Серија А и шпанска Барселона: Кој ќе биде побрз?

Челзи веќе некое време е заинтересиран за младиот стопер на Олимпик Лион, Муктар Дијакаби.

„Плавите“ во него гледаат фудбалер со кој би ја комплетирале новата одбрана, но неговиот ангажман нема да биде лесно, со оглед на тоа дека го следат и три екипи од Серија А.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во прашање се Јувентус, Рома и Интер, како и вицешампионот на Шпанија, екипата на Барселона.

Јувентус од заминувањето на Бонучи има проблем со одбраната, Интер бара трет стопер, кој ќе понуди адекватна конкуренциј, додека на Рома и растат амбициите, па со самото тоа јасно е дека сакаат да се засилат.

Што се однесува до Барселона, не е тајна дека бараат стопер, Пике веќе некое време не е во својата препознатлива форма, а покрај него и Умтити, Валверде нема на кој да се потпре. Желба е Матијас Де Лихт од Ајакс, но Барселона е насочена и кон талентираниот стопер на Лион.

Дијакаби има 20 години, дебитираше за првиот тим на Лион во 2016. година, изминатата сезона запиша 22 настапи во Лига 1, оваа засега само пет. Член е и на младинската селекција на Франција, за која запиша седум настапи.

Се верува дека Лион би се задоволил со 30 милиони евра за неговите услуги.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шок за Мората: Поради необичен проблем може да ја заврши кариерата?!

Фудбалерот на Атлетико Мадрид и шпански напаѓач, Алваро Мората веќе неколку дена не тренир…