Челзи покажува сериозен интерес за крилото на Виљареал, Арно Данжума, пренесуваат медиумите на Островот.
„Сините“ сакаат да го засилат нападот во зимскиот преоден рок и се насочиле кон 25-годишниот крилен напаѓач на Виљареал.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Данжума го привлече вниманието на себе минатата сезона кога блескаше со 16 гола и 4 асистенции, а особено импресивни настапи имаше во Лигата на шампиони.
Интерес за него покажуваат неколку европски гиганти, но Челзи е спремен да ја победи конкуренцијата.
Виљареал за неговата слобода бара 35 милиони евра, сума која нема да биде проблем за лондонскиот клуб.