Бразилскиот фудбалер Тијаго Силва има уште шест месеци од договорот со Челси и најверојатно нема да му биде продолжен.
Англиските медуми пишуваат дека Челси бара замена за Силва, а се очекува премиерлигашот да се засили од Германија.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Џонатан Та има неверојатна сезона во дресот на Баер Леверкузен и од следното лето би требало да биде дел од одбраната на лондонскиот тим.
Овој 27-годишен фудбалер е прва желба за „сините“, а дел од медиумите пишуваат дека веќе бил постигнат договор меѓу двете страни.
За Челси останува да ја активира откупната клаузула која Та ја има во договорот со Баер Леверкузен.