Дома Фудбал Останато Челзи ја одби првата понуда од Aзар – еве колку ќе треба да плати Реал ако сака да го добие!

Челзи ја одби првата понуда од Aзар – еве колку ќе треба да плати Реал ако сака да го добие!

Зинедин Зидан веќе ја засили одбраната на Реал Мадрид со дефанзивецот на Порто, Едер Милитао за 50 милиони евра и сега е во потрага по напаѓачка ѕвезда која барем до некаде ќе го замени Кристиано Роналдо.

Очекувањата се таа ѕвезда да биде Еден Азар, 28 годишниот Белгиец од Челзи кој сам призна дека Зинедин Зидан е негов фудбалски идол, а прит тоа ги цени и неговите тренерски квалитети.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Проблем за Реал Мадрид е оштетата.

Пред неколку дена се појави вест дека Реал Мадрид ја испратил првата понуда на адреса на „сините“ која изнесувала 82 милиони евра. Сега се појави дополнување на оваа вест во која се тврди дека од Челзи ја одбиле оваа понуда.

Такво нешто и беше очекувано затоа што таа сума едноставно е премала за фудбалер со квалитетите на Азар. Според информациите од Челзи на Реал му порачале дека ќе мораат да издвојат 115 милиони евра ако го сакаат потписот на Азар.

Потенцијален трансфер на Азар по таа цена би бил рекорден и најскап во историјата на клубот. Најголема сума Реал Мадрид досега издвоил за Герет Бејл, 101 милион евра.

Белгиецот во овој момент изгледа како единствена достапна опција од листата желби на која се наоѓаат уште и играчи како Нејмар и Килијан Мбапе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Се огласи Клоп: Се радувам за клубот ако Слот е решението

Од моментот кога Јирген Клоп со видео порака го шокираше фудбалскиот свет, а осо…