Дома Трансфер зона Челзи ја купува големата желба на Реал Мадрид

Челзи ја купува големата желба на Реал Мадрид

Дефанзивецот на Виљареал, Пау Торес е новата голема трансфер желба на Челзи.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Торес се етаблираше во еден од најперспективните дефанзивци во Европа и го провлече вниманието на многу европски гиганти.

После одличниот настап на ЕУРО, Шпанецот се поврзуваше со трансфер во Реал Мадрид и Манчестер Јунатед, но сепак остана во Виљареал.

Челзи е во потрага по квалитетен дефанзивец и во летото сакаше да го донесе Кунде од Севиља, но сега Пау Торес е примарна цел на „сините“.

Рудигер влезе во последната година од договорот и може да го напушти Челзи на крајот на сезоната, а „сините“ во Шпанецот гледаат идеална замена.

Раководството на „сините“ веќе стапиле во контакт со агентот на играчот, кој е отворен за преселба во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…