Англиските медиуми пренесуваат дека Челзи веќе постигнал договор со ѕвездата на Монако, Тимуе Бакајоко за кого веќе спремиле понуда од 45 милиони евра.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
22-годишниот играч за врска импресионираше оваа сезона и е мета на многу европски гиганти, но медиумите тврдат дека „сините“ ја победиле конкуренцијата и веќе постигнале договор со играчот.
Конте сака да донесе квалитетен играч за врска кој ќе биде алтернатива за Канте и Матиќ, па е сигурен дека Бакајоко одлично ќе се вклопи бидејќи се може да игра на неколку позиции во средниот ред, а се карактеризира со цврстина во играта во одбрана.
Англиските медиуми тврдат дека вредноста на трансферот ќе изнесува 45 милиони евра, сума која сигурно нема да претставува проблем за „сините“.