Дома Трансфер зона Челзи спреми 60 милиони за најбараниот дефанзивец!

Челзи спреми 60 милиони за најбараниот дефанзивец!

Според информациите на англиските медиуми, Челзи е подготвен да плати 60 милиони евра за Вирџил ван Дајк од Саутемптон.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Дејли Експрес“ тврди дека Антонио Конте пресекол и откако не успеа да го доведе Леонардо Бонучи, се насочува кон одличниот стопер на Саутемптон.

Ван Дајк се наоѓа на мета на манчестерските клубови, но и на Ливерпул. Со оглед на тоа дека за него интерес покажуваат Пеп Гвардиола, Јирген Клоп и Жозе Мурињо, нема сомнеж дека тој оваа зима ќе заврши во некој голем клуб.

Ван Дајк дефинитивно е најбараниот дефанзивец во моментов и неговата цена вртоглаво расте. Сега останува да видиме кој клуб ќе победи во траката за неговиот потпис, но „сините“ веќе спремиле понуда од 60 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…