Барселона минатото лето се обидуваше да го продаде Френки Де Јонг поради финансиски проблеми, но Холанѓанецот остана на „Камп Ноу“.
Барселона се договори со Манчестер Јунајтед за трансфер вреден 85 милиони евра за 25-годишниот фудблер од средниот ред, но тој одби да разговара за трансфер.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
За Барселона најголем проблем е високата плата, а поради финансиските проблеми на лето повторно ќе мора да продава играчи.
Според каталонски „Спорт“, за холандскиот репрезентативец силен интерес покажува Челзи, кој е спремен да понуди 100 милиони евра.
Барса е спремна да ја прифати таа понуда, а овој пат и самиот играч е спремен да ја промени средината.
🚨 Chelsea would be willing to offer Barcelona €100m for Frenkie de Jong.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) February 9, 2024
(Source: @sport) pic.twitter.com/FFJC7PhQXy