Челзи е силно заинтересиран за плејмејкерот на Милан, Исмаил Бенасер, пренесуваат италијанските медиуми.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Алжирецот има договор со „росонерите“ до 2024 година, но Милан веќе започна преговори за продолжување на соработката.
Доколку не стави потпис до крајот на сезоната Милан ќе биде приморан да го продаде, а најсилен интерес за него покажува Челзи.
„Сините“ веќе стапиле во контакт со неговиот агент и е спремни да понудат 40 милиони евра за неговиот потпис.
Челзи засега не ја реши иднината на Нголо Канте и Жоржињо, кои имаат договори до крајот на сезоната, а тренерот Грем Потер не е премногу задоволен од Рубен Лофтус-Чик и Конор Галагер, па затоа сака да најде алтернатива.