Дома Трансфер зона Челзи со порака до Атлетико: Платете 50 милиони фунти или вратете го!

Челзи со порака до Атлетико: Платете 50 милиони фунти или вратете го!

Челзи кој го позајми Алваро Мората на Атлетико Мадрид на 18 месеци бара од мадритскиот клуб да му ја исплати договорената сума од 50 милиони фунти.

Доколку Атлетико не ја плати оваа сума Челзи е спремен да го врати Мората во Лондон. Шпанскиот напаѓач во зимскиот преоден рок премина од Челзи во Атлетико на позајмица од 18 месеци, а во договорот на двата клуба, а во договорот стои дека Атлетико може да го задржи ако плати 50 милиони фунти ова лето.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


За Челзи ова ќе биде важен трансфер затоа што нема можност да доведува играчи во наредните два преодни рока. Ова би можело да биде проблем за Мората кој јавно кажа дека сака да остане на „Ванда Метрополитано“ бидејќи во Мадрид постигна шест голови на 15 натпревари во Ла Лига.

Кога во прашање е Атлетико тешко е да се верува дека клубот ќе ја плати таа сума затоа што во таборот на „јорганџиите“ пристигнува Жоао Феликс кој ќе ги чини 126 милиони евра.

https://www.youtube.com/watch?v=zO13HHRyWZg

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер веќе крои планови за летниот преоден рок: Ова се можните засилувања

Раководството на Интер кој оваа сезона ќе ја освои титулата во Серија А веќе ги планира и …