Дома Трансфер зона Челзи создава Лестер во “мало“, нов играч на „Лисиците“ мета на Конте?

Челзи создава Лестер во “мало“, нов играч на „Лисиците“ мета на Конте?

Изгледа на новиот англиски шампион, Челзи, прилично му се допаѓаат фудбалерите на Лестер.

Екипата на Челзи има намера сериозно да се засилува ова лето, со оглед на тоа што наредната сезона ќе се натпреваруваат во Лигата на шампионите.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Минатото лето лондонскиот клуб направи неколку одлични трансфери, а изгледа дека најдобриот беше доведувањето на Н’Голо Канте од Лестер. Французинот во Лондон пристигна како еден од најдобрите фудбалери во Премиер лигата, а под водство на Антонио Конте и официјално стана најдобар.

Сега Челзи се враќа на „Кинг Пауер“, овој пат мета е Ријад Марез. Алжирецот изрази желба да замине ова лето, бидејќи како што кажа потребен му е нов предизвик.

Сепак, Марез ќе биде исклучително тешка мисија за „Сините“, бидејќи конкуренцијата за овој играч е навистина голем.

Алжирецот во сезоната која е зад нас во Премиер лигата баш и не покажа многу, запиша 36 настапи постигна шест погодоци, а три пати асистираше. Додека во Лигата на шампионите беше далеку поефикасен и на девет настапи постигна четири погодоци и запиша две асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул се засилува со португалски дефанзивец

Ливерпул е сериозно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало И…