Челзи спрема понуда за дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали во зимскиот преоден рок.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Челзи е во потрага по квалитетен дефанзивец и до последниот ден од трансфер пазарот се обидуваше да го ангажира Жил Кунде од Севиља.
Откако пропадна трансферот на Кунде, „сините“ сега ќе се насочат кон дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали.
30-годишниот Кулибали сака да го напушти Наполи, но ова лето не пристигнаа понуди за него.
„Сините“ стапиле во контакт со агентот на Сенегалецот и сакаат што поскоро да постигнат договор и да го реализираат трансферот во јануари.