Дома Трансфер зона Челзи се враќа по Енцо, но сака да го купи на рати

Челзи се враќа по Енцо, но сака да го купи на рати

Како што стојат работите Челзи не сака да се откаже од намерата за доведување на нови фудбалери, па сега повторно се враќа по Енцо Фернандез од Бенфика.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Пред неколку недели „сините“ на големо се поврзуваа со најдобриот млад играч на Мундијалот во Катар, но на крајот можниот трансфер пропадна. Сепак, сега Челзи наводно е спремен да плати 120 милиони евра колку што бара Бенфика.

Опцијата на Челзи е споменатите 120 милиони евра да ги плати на неколку рати, меѓутоа повторно има проблем затоа што Бенфика ја сака сумата веднаш.

Во португалското првенство Енцо има еден гол и пет асистенции на 17 натпревари, но посебно се истакна на Светското првенство каде што Аргентина ја освои титулата.

Челзи без конкуренција е тимот кој најмногу потроши овој јануари, а ако се реализира и трансферот на Енцо тогаш „сините“ ќе имаат потрошено над 200 милиони евра во еден месец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…