Дома Трансфер зона Челзи продолжува каде што застана, испрати богата понуда за ѕвездата на Спортинг

Челзи продолжува каде што застана, испрати богата понуда за ѕвездата на Спортинг

Челзи во зимскиот преоден рок потроши повеќе од 300 милиони евра, но имаше катастрофална сезона и заврши на средината на табелата.

„Сините“ ова лето ќе прават реконструкција на тимот, а целта е Покетино да добие тим кој ќе се бори за титулата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Прва цел на Челзи е ѕвездата на Спортинг Лисабон, Мануел Угарте, пренесуваат медиумите на Островот.

Угарте има исклучителни дефанзивни карактеристики и според бројни статистички параметри е на самиот врв во Европа кога се во прашање поседите и пресретнати напади.

Уругваецот е желба на многу клубови, но Челзи сака да ја победи конкуренцијата и спремил понуда од 60 милиони евра плус 5 милиони како бонуси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Се сеќавате на засилувањето на Арсенал од 85 милиони евра?

Не беше така одамна 2019 година кога Арсенал изгледаше изгубено, денес ситуацијата е сосем…