Дома Топ вести Челзи продава 10 фудбалери за да го доведе Халанд

Челзи продава 10 фудбалери за да го доведе Халанд

Томас Тухел веднаш откако дојде на кормилото на Челзи бележи добри резултати, ја освои Лигата на шампиони, но спрема голема реконструкција на тимот за следната сезона.

Англиските медиуми пренесуваат дека Тухел донел одлука да направи големи промени и им ја отворил излезната врата на Рудигер, Абрахам, Емерсон Палмери, Хаким Зијех, Жиру и Кепа Аризабелага.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Нема да има место во тимот и за фудбалерите кои ќе се вратат од позајмица како Бакајоко, Баркли и Лофтус-Чик, а познато е дека Томори ќе биде откупен од страна на Милан.

Наводно од продажбата на овие фудбалери Челзи се надева дека ќе инкасира 200 милиони фунти, а главна цел е Ерлинг Халанд.

Англиските медиуми пренесуваат дека Челзи е спремен да понуди 180 милиони фунти за неговиот потпис и да ги собори сите трансфер рекорди во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Стативите го спречија ПСЖ, Борусија во финале

Борусија Дортмунд е прв финалист во Лигата на шампиони откако и во вториот меч го победи П…