Tимот Челзи е во предност во однос Манчестер Јунајтед и Ливерпул во трката за Енцо Фернандез, пренесуваат португалските медиуми.
Феноменалниот аргентински играч за врска од јануари најверојатно ќе игра во Премиер лигата, прашање е само каде. Претходно се пишуваше дека Ливерпул и Јунајтед биле подготвени да испратат понуда од 120 милиони евра.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Утрово се појави информација дека Челзи одлучил да ја надмине таа бројка и да и исплати на Бенфика 10.000.000 повеќе, која на „Да Луз“ би пристигнала во вид на бонус. Сега ќе започне вистинската забава.
Манчестер Јунајтед наводно се откажал затоа што во клубот не се спреми во јануари да се наддавата. Ако се случи Енцо Фернандез да заврши во Ливерпул и Јунајтед тоа ќе биде втора изгубена трка по загубата на Коди Гакпо. Но би можела да одлучи желбата на Фернандез.