Дома Фудбал Англија Челзи поднесе жалба, бара да им бидат дозволени трансфери

Челзи поднесе жалба, бара да им бидат дозволени трансфери

Премиерлигашот Челзи поднесе жалба пред Судот за арбитража во спортот (ЦАС) со која бараат да им се тргне забраната за трансфери од ФИФА.

Откако во март се жалеше до ФИФА поради одлуката, Челзи сега испрати и жалба до Арбитражниот суд за спорт со надеж дека казната ќе биде укината или намалена.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Да потсетиме, „сините“ нема да може да ангажираат фудбалери во наредните два преодни рока поради неправилности при потпишување договори со малолетни фудбалери.

ЦАС потврди дека клубот од западен Лондон поднел жалба, но не потврди кога ќе ја разгледаат и кога ќе биде донесена одлуката.

Тоа го става Челзи во незгодна ситуација бидејќи одлуката може да биде донесена после 1-ви јули, кога официјално ќе биде отворен трансфер пазарот.

Доколку жалбата биде одбиена, Челзи ќе биде во големи проблем затоа што наскоро се очекува Еден Азар да си замине од Лондон и да се пресели во Реал Мадрид, па „сините“ нема да можат да донесат замена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дерби на денот: Германски тест за арапските милиони

Денес во фокусот ќе биде вториот полуфинален дуел од Лигата на шампиони помеѓу Борусија До…