Португалскиот репрезентативец Жоао Феликс се пресели во Челзи, каде ќе игра на позајмица со крајот на сезоната.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Феликс сакаше да ја промени средината, па Атлетико се согласи да го пушти на позајмица, но без дефинирана опција за откуп на крајот на сезоната.
Челзи сака да го откупи 23-годишниот фудбалер и наскоро ќе седне на преговарачка маса со Атлетико Мадрид.
„Јорганџиите“ за откуп бараат 100 милиони евра, а Челзи ќе се обиде да ја намали таа сума така што во трансферот ќе ги вклучи Обамејамг и Кукуреља.
Кукуреља минатото лето пристигна во Челзи за 62 милиони фунти, но не се вклопи најдобро во тимот, а Атлетико покажува интерес за него.