Челзи на трансфер листата изгледа ставил дури шестмина играчи.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Френк Лампард ги воодушеви навивачите во сезоната во која мораше да се потпре на играчите само од сопствените редови. Потоа ги израдува со обезбедувањето на Тимо Вернер, а претходно беше потврден и трансферот на Хаким Зијеш. Сега според она она што се пишува на Островот „сините“ преговараат со Каи Хаверц. Асот на Баер веќе долго време е на мета на повеќе клубови и Лампард изгледа одлучил да го подигне влогот.
Според информациите на островскиот „Сан“ кој е таблоид, но знае да погоди, Лампард на раководството на Челзи соопштил дека е спремен да се откаже од дури шест играчи за да го финансира претстојниот преоден рок.
Станува збор за напаѓачот Батшуаи, левите бекови Маркос Алонсо и Емерсон Палмери и играчитео од средината: Дани Дринквотер, Бакајоко и Кенеди.
Меѓутоа јасно е дека нема да може сите да заминат. Еден од левите бекови ќе остане, но потоа е потребна замена, а од поодамна се пишува желбата на Челзи да го ангажира Бен Чивел од Лестер, опција е и Николас Таљафико од Ајакс.
Дринквотер, Бакајоко, Кенеди и Батшуаи посебно после доаѓањето на Вернер се вишок. Само треба да се пронајдат клубовите кои би ги плаќале нивните плати и имаат доволно пари да ги задоволат апетите на Челзи. На овие четворица веројатно би заработиле нешто повеќе од 50 милион иевра, но повторно…Чивел и Таљафико не се така евтини.
На друга страна спортскиот директор на Баер, Руди Фелер сака да го задржи Хаверц на уште една година и нема намера да го пушти за сума под 100 милиони евра.