Босанскиот напаѓач, Един Џеко и понатаму се наоѓа во центарот на трансфер сагата на релацијата Рома-Челзи, кои се уште не се договорија околу трансферот на напаѓачот.
Челзи покажа голем интерес за Џеко и Антонио Конте не крие дека сака да го види играчот на „Стемфорд Бриџ“ до крајот на јануарскиот трансфер период. Иако Рома прво се согласи на трансферот, преговорите повторно мораа да започнат, бидејќи навивачите на римскиот клб не сакаат Џеко да си оди во Челзи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Познатиот италијански новинар, Фабрицио Романо утрово објави дека преговорите на Рома и Челзи се уште траат и дека ситуацијата е иста. Наводно, Џеко поставил нови услови и јасно им кажал дека нема да дојде во Лондон доколку Челзи не понуди договор на подолго време.
Челзи е подготен да плати 60 милиони евра за Џеко и Емерсон, но лондонскиот клуб јасно порача дека Џеко ќе добие договор до летото 2019. година. Џеко сака подолг договор и тоа до летото 2021. година, но наводно и поголема плата. Во Рома во моментов заработува околу 4.5 милиони евра, а новинарот пренесува дека во Челзи сака годишно по 5.5 милиони евра плус бонуси.
Dzeko has not accepted yet Chelsea contract bid. He’s going to ask an agreement until 2021 (when he’ll be years old…) for €5,5M/season + add ons.
Talks ongoing with his agent. ? #CFC #transfers #Chelsea #Roma #Dzeko
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) January 29, 2018