Дома Фудбал Челзи му ја нуди капитенската лента на Азар за да го задржи на „Стенфорд Бриџ“

Челзи му ја нуди капитенската лента на Азар за да го задржи на „Стенфорд Бриџ“

Новиот менаџер на Челзи, Маурицио Сари, сака да го направи Еден Азар капитен на тимот, пренесуваат англиските медиуми.

Според него, ова ќе му помогне на Белгиецот да остане во клубот, иако силно се поврзува со трансфер во Реал Мадрид.

Минатата сезона капитенската трака ја носеше Гери Кејхил, кој кај Сари најверојатно ќе биде на клупата, па во Челзи спемаат дека Азар би бил идеален капитен.

Иднината на Азар се уште е нејасна бидејќи силно се поврзува со трансфер во Реал Мадрид, но последните информации од Шпанија говорат дека „кралевите“ се откажале од негов ангажман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бредлов се сомнева во свирежите, Галатасарај му порача на Штутгарт: „Довидување“

По поразот од 2:0 во Истанбул, голманот на Штутгарт се запраша дали целата бучава доаѓала …