Антонио Рудигер, Андрес Кристенсен, Тијаго Силва и Цезар Аспиликуета имаа договори со Челзи до јуни и најавите се дека барем двајца ќе си заминат.
Најблиску до заминување е Рудигер кој веќе одби неколку понуди за продолжување на соработката. Поради тоа Челзи размислува за алтернативни опции.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Томас Тухел бара начин да ја засили одбраната, а сега како можна опција се појави Прсенел Кимпембе. Тухел му веруваше на Кимпембе додека беше во Париз и му даде шанса во првиот тим на „светците“.
Неговите одлични релации со Тухел можат да бидат причината „сините“ да добијат одлично засилување во последната линија.