Дома Фудбал Челзи купува напаѓач кој не играл осум месеци за 170 милиони евра?

Челзи купува напаѓач кој не играл осум месеци за 170 милиони евра?

Дејли Мејл тврди дека Покетино е многу заинтересиран за Иван Тони од Брентфорд.

Тони беше одличен минатата сезона со 21 гол на 35 натпревари, поради што доби повик во англиската репрезентација, за потоа да добие суспензија од осум месеци во средината на мај поради обложување на натпревари од Премиер лигата.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Суспензијата на Тони истекува на 17 јануари и тој ќе може да биде во тимот на Брентфорд за мечот со Нотингем Форест, но дотогаш веќе би можел да го смени клубот.

Дејли Мејл и англискиот новинар Мигел Дилејни тврдат дека Челзи ќе направи се за да го донесе Тони во јануари, но бројките кои се споменуваат се астрономски.

Брентфорд наводно не сака ни да слушне за понуда помала од 120 милиони евра.

Со бонуси до 170 милиони евра

Дилејни тврди дека цената на крајот ќе достигне 170 милиони евра со бонуси и тоа се парите кои Челзи ќе треба да ги собере доколку сака да го доведе.

Брентфорд е свесен дека генерално има многу малку напаѓачи на пазарот, а клубовите едноставно не сакаат да ги продаваат оние со елитна статистика.

Тони дојде во Брентфорд во септември 2020 година од Питерборо за 5,6 милиони евра.

Тој беше најдобар стрелец на шампионатот во сезоната 2020/2021. со 33 гола, а за Брентфорд постигна вкупно 68 гола со 21 асистенција на 124 настапи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гвардиола ќе ангажира неколку ѕвезди во Манчестер сити, а најскапата вреди 190 милиони евра!?

Манчестер Сити оваа сезона игра многу скромно и веројатно е дека Пеп Гвардиола би можел да…