Ова лето би можела да се случи голема размена на играчи помеѓу Челзи и Манчестер Јунајтед, пренесуваат медиумите на Островот.
Доколку биде реализирана оваа зделка ќе „тежи“ околу 80 милиони фунти и ќе ги вклучува Антони Марсијал и Вилијан.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Сините“ од Лондон покажуваат сериозен интерес за францускиот напаѓач, кој се поретко добива шанса кај Мурињо и извесно е дека ќе го напушти „Олд Трафорд“. Марсијал одби да го продолжи договорот со „црвените ѓаволи“ и сака ова лето да ја промени средината.
Во исто време се поголема е желбата на Мурињо во својот тим да донесе уште еден фудбалер на Челзи – Вилијан, па „сините“ сакаат да ја искористат ситуацијата за размена на играчи.
Медиумите тврдат дека Јунајтед покрај Вилијан ќе бараат уште 40 милиони фунти за потписот на Марсијал, а Челзе е согласен со тие услови.
Manchester United manager Jose Mourinho will insist on signing Chelsea's Brazilian midfielder Willian, 29, if the Blues pursue an £80m deal for Red Devils and France striker Anthony Martial, 22. (Sunday Mirror)
— RumorsTransfers 24/7 (@rumorstransfers) May 6, 2018