Дома Топ вести Челзи и Јувентус спремаат спектакуларна трампа

Челзи и Јувентус спремаат спектакуларна трампа

Челзи ја започна операцијата за доведување на Душан Влаховиќ на „Стенфорд Бриџ“, бидејќи е најголема желба на тренерот Покетино.

Цената на Влаховиќ во моментов изнесува помеѓу 70 и 80 милиони евра, сума која нема да биде проблем за лондонскиот клуб.

Меѓутоа, Јувентус сака да ја искористи ситуацијата и во трансферот да го вклучи Ромелу Лукаку, кој е на излезна врата од Челзи.

Интер не успева да го договори Белгиецот бидејќи „сините“ бараат 40 милиони евра за неговата слобода, а „нероаѕурите“ го сакаат само на позајмица.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Челзи е спремен за евентуална трампа со доплата за да го добие Влахивиќ, па се чека само зелено светло од Лукаку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сабицер го спаси Дортмунд во 90+3: Вердер падна по луда драма!

Дортмунд испушти 2:0, но Сабицер со слободен удар во 90+3. минута донесе победа од 3:2 над…