Дома Фудбал Англија Челзи за него плати 60 милиони евра, а тој се врати по четири месеци и за 30 минути повторно се повреди

Челзи за него плати 60 милиони евра, а тој се врати по четири месеци и за 30 минути повторно се повреди

Ромео Лавија го одигра неговиот прв натпревар во дресот на Челзи откако минатото лето „сините“ за него платија 60 милиони фунти. Меѓутоа по само половина час игра заработи нова повреда.

Ливерпул и Челзи минатото лето беа во битка за доведување на Лавија кој на крајот заврши на „Стенфорд Бриџ“ за 60 милиони фунти.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Талентираниот фудбалер од Белгија само што пристигна се соочи со проблеми бидејќи се повреди по првите минути поминати на теренот. Лавија одигра половина час против Кристал Палас и тоа беше доволно за нови проблеми.

Загриженост за ситуацијата на Лавија истакна тренерот Маурисио Покетино.

„Загрижен сум за Лавија на крајот имаше проблеми, но ајде да се надеваме дека не станува збор за ништо сериозно“.

Преку социјалните мрежи се огласи и Лавија.

„Долго време работев за овој момент, а поради тоа е и уште поубав. Поминав низ тешки месеци, а сега сум среќен и благодарен што се вратив на теренот со мојот тим. Благодарен сум на навивачите и поддршката која ми ја даваат“, истакна Лавија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Две асистенции на Гулер, проектил од Родриго и нов кикс на Реал во меч со шест голови (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид играат многу ефикасни натпревари оваа сезона, но често им изост…