Дома Трансфер зона Челзи го купува еден од најголемите таленти во светот

Челзи го купува еден од најголемите таленти во светот

Како што веќе ве информиравме, Реал Мадрид понуди 100 милиони фунти за двајцата фудбалери на Челзи, Тибо Куртоа и Вилијан.

Информациите кои доаѓаат од Островот говорат дека „сините“ се спремни да ја прифатат понудата. Куртоа има уште една година од договорот, па им одговара да го продадат во „пакет“ со Вилијан за 100 милиони фунти.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челзи така ќе ја наполни касата и ќе може да тргне во напад на еден од најталентираните фудбалери во светот, Кристиан Пулишиќ од Борсија Дортмунд.

Пулишиќ минатата сезона блесна во дресот на „милионерите“ и покажа дека станува збор за еден од најголемите таленти во светот. Наводно Борусија е спремна да го продаде 19-годишниот фудбалер за 70 милиони евра.

Како што пренесува „Мирор“ Челзи веќе воспоставил контакт со раководството на Борусија Дортмунд и е спремен да ја плати таа сума.

Пулишиќ би бил идеална замена за Вилијан и нема соменж дека со овој трансфер Челзи ќе заврши одлична работа и за во иднина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал и ПСЖ се „тепаат“ за големиот аргентински талент

Реал Мадрид и ПСЖ покажуваат сериозен интерес за големиот аргентински талент на Ривер Плат…