Веќе неколку недели главна тема во медиумите е евентуалниот трансфер на Миралем Пјаниќ во Барселона.
Босанскиот плејмејкер наводно има договор со Каталонците, но Барса не може да најде заеднички јазик со Јувентус, а таквата ситуација сака да ја искористи Челзи.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Сините“ покажуваат голем интерес за Пјаниќ и веќе стапиле во контакт со Јувентус.
Челзи е спремен да им понуди трампа на „бјанконерите“ така што во Торино ќе го испрати Жоржињо, а за возврат да го добие потписот на Босанецот.
На Јувентус му е јасно дека тешко ќе добие 50 милиони евра во кеш, па е спремен да прифати трампа бидејжи Жоржињо е голема желба на тренерот Сари.
Chelsea eye swap deal as they 'launch bid for Pjanic'https://t.co/MV8S1ffCs5 pic.twitter.com/qXV2zLy62s
— The Sun Football ⚽ (@TheSunFootball) June 16, 2020