Aнглискиот напаѓач Тами Абрахам би можел да се врати во Челзи по крајот на сезоната, тврдат медиумите на Островот.
Абрахам направи вистински потег со трансферот во Рома каде доживеа целосна афирмација и го привлече интересот на бројни клубови.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меѓутоа, италијанските медиуми откриваат дека во договорот на напаѓачот постои клаузула со која Челзи ќе може да го врати на „Стенфорд Бриџ“ за 80 милоини евра.
Со оглед на одличните игри на Абрахам и фактот што Челзи е во потрага по напаѓач, „сините“ сакаат да ја искористат опцијата и да го вратат во своите редови.
Потер е голем симпатизер на неговата игра и му ветува дека ќе има важна улога во тимот, па и самиот напаѓач е спремен да се врати „дома“.