Еден Азар беше трансфер желба на Реал Мадрид и медиумите тврдеа дека ова лето сигурно ќе го напушти Челзи.
Меѓутоа, Белгиецот неодамна потврди дека донел конечна одлука и дека оваа сезона сигурно ќе остане на „Стенфорд Бриџ“, а „сините“ се спемни да го наградат со нов договор.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Имено, Челзи е спремен да му понуди астрономска плата на Азар со цел да го задржи во своите редови долгорочно и да ги одбие нападите на заинтересираните клубови.
Англиските медиуми открија дека Челзи му понудил на Азар неверојатна плата од 300.000 фунти неделно со што Белгиецот би станал еден од најплатените фудбалери на светот.
Азар следното лето ќе влезе во последната година од договорот и неговата цена драстично ќе се намали, па затоа „сините“ брзаат да му понудат нов договор.
Chelsea are to offer Eden Hazard a new £300k-per-week deal to ward off Barcelona and Real Madrid interest. (Source: Daily Mail) pic.twitter.com/0T4UcOF2Lf
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) August 21, 2018