Младиот Кол Палмер блесна минатата сезона во дресот на Челзи и се етаблираше во еден од најдобрите играчи во Премиер лигата.
Палмер пристигна минатото лето од Манчестер Сити, но набрзо стана лидер во тимот и најдобар поединец во Челзи.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Поради тоа раководството на „сините“ сакаше да го награди со нов договор и му понуди двојно повисока плата.
Денес Палмер официјално стави потпис на новиот договор и се обврза на верност со Челзи до 2033 година.
22-годишниот фудбалер минатата сезона одигра 45 натпревари за Челзи во сите натпреварувања, а успеа да постигне дури 25 гола.