Дома Трансфер зона Челзи во Германија го пронајде наследникот на Тери!

Челзи во Германија го пронајде наследникот на Тери!

Откако веќе стана јасно дека Тери на крајот на сезоната сигурно го напушта „Стенфорд Бриџ“ раководството на „сините“ тргна во потрага на квалитетен стопер кој ќе биде замена за капитенот.

Англиските медиуми тврдат дека замената на Тери ќе пристигне од Бундес лигата, а станува збор за талентираниот Николас Шуле.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


21-годишниот фудбалер на Хофенхајм го привлече вниманието на многу европски гиганти и веќе дебитираше за германската репрезентација, па јасно е дека станува збор за еден од најталентираните дефанзивци во Европа.

Сепак, Челзи сака да ја победи конкуренцијата и сака да го комплетира трансферот на Германецот уште во јануари, па за таа цел спреми понуда од 30 милиони евра.

Шуле неодамна изјави дека негова најголема желба е да се пресели во Премиер лигата, а медиумите тврдат дека Челзи е спремен да го купи и да го остави на позајмица во Хофенхајм до крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…