Дома Трансфер зона Челзи веќе мисли на наредниот преоден рок: „Сините“ сакаат засилување од Милан?

Челзи веќе мисли на наредниот преоден рок: „Сините“ сакаат засилување од Милан?

Само што заврши јануарскиот преоден рок во кој Челзи потроши повеќе од 300 милиони евра на „Стенфрод Бриџ“ веќе планираат нови засилувања. Вниманието е насочено и кон „Сан Сиро“.

Челзи доведе многу нови играчи, но „сините“ и нивниот сопственик Тод Боели сакаат уште. Една од желбите е Рафаел Леао.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Португалецот во овој момент преговара со клубот околу новиот договор и преговорите засега не одат во добра насока, барем според последните информации на италијанските медиуми. Така колку што повеќе одолговлекува Леао се отвара простор за клубовите кои го посакуваат офанзивецот во своите редови.

Еден од тие клубови е Челзи кој покажа дека е спремен на Леао да му среди еден голем проблем. Фудбалерот му должи на поранешниот клуб Спортинг 18 милиони евра поради непрописен раскин на договорот. Таа точка е една од спорните во преговорите со Милан.

Лесно би можело да се случи таа точка да биде една од одлучувачките затоа што Португалецот очигледно не сака самиот да ја плати оваа сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид го враќа Тео Хернандес

Реал Мадрид сака на лето да го врати во своите редови левиот бек на Милан, Тео Хернандес, …