Дома Фудбал Лига на шампиони Челзи бесен: Тврдат дека екс играчот на Ливерпул им ја наместил Барса, имаат и докази

Челзи бесен: Тврдат дека екс играчот на Ливерпул им ја наместил Барса, имаат и докази

И овој ждреб од Лигата на шампиони не можеше да помине без нагаѓања за местење. Имено, денес во Нион беа одредени осминафиналните парови од ЛШ, а меѓи останатите ќе се сретнат Челзи и Барселона.

Апсолутно сите во синиот дел од Лондон сакаа да ги избегнат Каталонците, со кои имаат негативни искуства, но ждребот сепак им го додели тимот од „Камп Ноу“.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Навивачите на Челзи за тоа го обвинија Чаби Алонсо, екс играчот на Реал, Ливерпул и Баерн кој ги влечеше топчињата во Нион, а со спојувањето на Челзи и Барса само му помогна на Баерн.

Имено, германскиот клуб во тие моменти можеше да игра или против Бешикташ или против Барселона. Доколку Челзи го добиеше турскиот тим, Баерн Минхен ќе се сретнеше со Барселона.

Снимката на ждребот покажува дека навистина Алонсо внимателно гледа кое топче го носи името Барселона, а кое Бешикташ пред да ги извлечи. За време на ТВ преносот може да се види дека Шпанецот во тој момент врти само едно топче, изгледа како да ги меша, а потоа ја извлекува Барселона.

На тој начин на својот Баерн му го доделува Бешикташ како противник во осминафиналето!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Две асистенции на Гулер, проектил од Родриго и нов кикс на Реал во меч со шест голови (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид играат многу ефикасни натпревари оваа сезона, но често им изост…