Дома Фудбал Италија Чекори по патот на неговиот татко: Синот на Роналдо постигна седум гола за едно полувреме!

Чекори по патот на неговиот татко: Синот на Роналдо постигна седум гола за едно полувреме!

Навистина во иднина би можел да стане нешто посебно, барем засега покажува потенцијал за такво нешто.

Сите добро знаеме што може Кристиано Роналдо, веќе долги години уживаме во неговите мајстории на фудбалските терени, а кога тој ќе замине во заслужена фудбалска пензија би можеле на терените да го гледаме неговиот наследник и тоа во буквална смисла – неговиот син!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кристиано Роналдо Жуниор има потенцијал да стане нешто слично на она што е неговиот славен татко.

Најстариот син на Роналдо се докажува во младинските категории на Јувентус, а има за цел да го достигне успехот својот татко.

Во една прилика Роналдо и ги потврди големите амбиции на Жуниор.

„Ми кажа дека сака да биде подобар од мене и да постигне поголем успех. Меѓутоа, мислам дека тоа е тешко“, изјави Роналдо минатата година.

Младиот тим на Јувентус во овие моменти се наоѓа во Мадеира, местото каде што е роден Роналдо. Таму италијанскиот клуб со својата генерација до девет години учествува на турнир.

Кристиано Жуниор во натпреварот против Маритимо Кина постигна седум голови за едно полувреме! Во вториот натпревар на турнирот против Камачо постигна пет голови, што значи дека постигнал 12 голови во само два натпревари.

Овој тим на Јувентус против Маритимо Кина победи со 25:0, додека против Камачо славеше со 15:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

И донесе финале на Борусија во ЛШ, но тоа може да не биде доволно да остане?!

Един Терзиќ направи голем успех со пласманот на Борусија Дортмунд во финалето на Лигата на…