Дома Фудбал Англија Чекаше две години за да дебитира, а полошо деби не можеше ниту да замисли!

Чекаше две години за да дебитира, а полошо деби не можеше ниту да замисли!

Aко се чуствувате дека сте баксуз сетете се на човекот кој денес дебитираше против Манчестер Сити за Вотфорд.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Димитри Фолкиер за тимот на Вотфорд потпиша на 25-ти август 2017 година. Но од тогаш овој фудбалер се до денес не одигра ниту една минута за англискиот премиерлигаш. Фолкиер беше испраќан на позајмица во Стразбур и Гетафе.

И неговото деби се случи денес, а веројатно сега мисли дека е подобро и да не се случеше.

Манчестер Сити го торпедираше Вотфорд и за само 18 минути му даде неверојатни пет гола.

Стратегот на Вотфорд поради катастрофалната игра се одлучи да менува уште во 30-тата минута и погодувате „среќникот“ беше Фолкиер.

Да е работата уште поинтересна тој направи само три паса во тие 30 минути.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Арбелоа: Јас сум виновен за тепачката меѓу Чуамени и Валверде

Алваро Арбелоа изјави дека ја презема одговорноста за инцидентот меѓу соиграчите Федерико …